Љубителите на водени лудории како и обичните рекреативци во главниот град конечно обија Аква парк во кој што ќе може да се забавуваат и да и ги минуваат летните жешки денови. Аква парк за отворен го прогласи премиерот Никола Груевски, кој пред половина година го постави камен-темелникот за изградба на овој објект, вреден 4,2 милиони евра. Премиерот Груевски на денешната свеченост истакна дека владата се решила на изградба на еден ваков атрактивен објект откако увидела дека не постои заинтересираност кај приватниот сектор и покрај тоа што со години имало разни ветувања и најави дека во Скопје ќе никне ваков објект.
Љубителите на водени лудории како и обичните рекреативци во главниот град конечно обија Аква парк во кој што ќе може да се забавуваат и да и ги минуваат летните жешки денови.
Аква парк за отворен го прогласи премиерот Никола Груевски, кој пред половина година го постави камен-темелникот за изградба на овој објект, вреден 4,2 милиони евра.
Премиерот Груевски на денешната свеченост истакна дека владата се решила на изградба на еден ваков атрактивен објект откако увидела дека не постои заинтересираност кај приватниот сектор и покрај тоа што со години имало разни ветувања и најави дека во Скопје ќе никне ваков објект.
„Ако се има симна волја, ако се сака може да се направат големи дела. За само неколку месеци го изградивме Аква паркот за кој се зборуваше со години, “ рече Груевски.
Тој дополни дека Аква парк се отвора во екот на летните одмори кога граѓаните ја користат секоја можност да се релаксираат.
„Македонската метропола може да понуди уште една атрактивна и уникатна содржина која ќе го привлече вниманието на сите генерации“, изјави Груевски.
Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски информираше дека Аква паркот ќе работи од 10 часот наутро до 1 часот по полноќ.
Цената на билетот е 300 денари, а влезот ќе биде бесплатен за деца под четири години и за лицата со посебни потреби.
За посетителите на располагање се 10 тобогани, светски познатиот мултислајд, турбо-ленс и бумеранг-тобогани, како и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти...
Покрај тоа, во рамки на паркот има и мрзливата река, кафулињата и ресторан, додека најмладите ќе уживаат во базен со т.н. детски свет со содржина „Пиратите од карибите".